ГОЛЕМА НАГРАДА НА ИТАЛИЈА

Дојде и тој ден – Лоренцо победи на Дукати

Дури 18 месеци откако се придружи на тимот на Дукати, Хорхе Лоренцо освои прво место во една трка во шампионатот Мото ГП.

објавено: 3 јуни 2018 - 16:00

Тој победи на трката за Големата награда на Италија на познатата патека Муџело.

„Дукати", домашен тим на оваа трка, забележа еден-два победа, откако второто место го зеде Андреа Довициозо.
На третото место се пласира ветеранот Валентино Роси на неговата Јамаха. „Докторот" имаше пол позиција и долго водеше во трката но не успеа да одолее на нападите на двоецот од тимот Дукати.
Лидерот во вкупен пласман Марк Маркес немаше среќа и по три едноподруго победи, овојпат не успеа да освои ниеден бод. Тој имаше баксуз да излета од патеката во 17 круг и иако се врати во трката успеа да дојде само до 16. место што не носи поени.
Хонда имаше лош ден затоа што покрај Маркес ни вториот возач Дани Педроса остана без поени. Тој не ја заврши трката...

Најново во Авто-мото