НЕМА ЗАПИРАЊЕ...

„ДОКТОРОТ" НЕ ОДИ ВО ПЕНЗИЈА: Ќе вози барем до 2020!

Деветкратниот светски шампион, Валентино Роси, потпиша нов, двегодишен договор со Јамаха. Тоа значи дека ќе остане во Мото ГП шампионатот до 2020 година...

објавено: 15 март 2018 - 17:30

Италијанскиот мотоциклист веќе во неколку наврати нагласи дека сака да се трка и по оваа сезоба, но официјалната потврда стигна денеска, пред почетокот на новиот шампионат.

Ова ќе биде вкупно 23. мото сезона за Валентино Роси во неговата кариера, а дури 13. како возач на Јамаха. Продолжувањето на соработката пак во исто време значи дека "Докторот" ќе вози дури и откако ќе влезе во петтата деценија од животот.

„Кога го потпишав претходниот договор со Јамаха, се прашував дали тоа ќе ми биде и последниот. А во меѓувреме си реков дека дали ќе биде така одлуката ќе ја донесам во наредните две години. Низ тие две години дојдов до заклучок дека сакам да се тркам и понатаму, и пред се затоа шти сум возач во Мото ГП, и дека ја возам својата М1 мене ме прават среќен"- рече Роси,

Беше дебитант уште во 1996 година, и од тогаш запиша 115.победи, имаше и 227 места на подиумот. Девет титули, од нив седум во „кралската класа", што го прават како еден од најдобрите возачи на сите времиња. Италијанецот е најзаслужниот за најголемите успеси на Јамаха, од која направи шампионски мотор.
Своите први три титули ги освои со Хонда, за потоа, во 2004 година, да премине во Јамаха. Со паузата која траеше две години, оствари 56.победи, 43. втори места и 35. трети позиции на 206 трки.

„Сакам да им се заблагодарамн на луѓето од Јамаха. Посебно на Лин Џарвис и Мај Мерегали затоа што веруваат во мене. Посебен е за мене предизвикот да се биде конкурентен и во 40. година. Знам дека ќе биде тешко, дека бара голем труд од моја страна, како и многу тренинзи. Но јас сум подготвен, мотивацијата е тука, и затоа потпишав нов договор" - истакна Роси.

Шампионатот во Мото ГП стартува овој викенд, со трката за Големата награда на Катар.

Најново во Авто-мото