Квалификациите го одбележаа и најлошиот резултат на Валентино Роси во последните 12 години. Пол позицијата ја освои Лоренцо, трета на патеката Арагон (69-та во кариерата со време 1:46.881 мин.), беше побрз од својот клупски колега Довициозо.
Шампионот во „кралската" класа Марк Маркес после падот на четвртиот тренинг имаше на располагање еден мотор, па на крајот заврши на третото место, додека четврти ќе стартува возачот на ЛЦР Хонда, Кал Крачлоу.
Легендарниот „Доктор" Валентино Роси со својата Јамаха беше дури на 18. место, што беше негов најслаб резултат во квалификациите од 2006. година и возењето во Асен, Холандија.