НАТПРЕВАРОТ ВО БЛИЗИНА НА СКОПЈЕ БЕШЕ ПОДЕЛЕН ВО ДВА ДЕЛА

Ендуро Тим Водно со успешен настап на полигонот Стенковец! (ФОТО)

Овој викенд на спортскиот полигон Стенковец во близина на Скопје се одржа третиот по ред „Off Road Show 2018" .

објавено: 8 октомври 2018 - 22:50

Првиот дел беше ендуро возење по трасирана патека низ падините на Скопска Црна Гора во должина од околу 35 км,а вториот дел беше специјален испит на вешто и спретно возење каде што возачите требаше да поминат повеќе препреки за што пократко време.

Овој натпревар се бодуваше за Македонскиот Ендуро Шампионат. За Ендуро Тим Водно настапија 15 возачи во повеќе категории, а овој викенд беше еден од најуспешните за тимот.

Класа Е2 Македонски Шампионат
Виктор Караколев 2ро Место

Класа Е3 Македонски Шампионат
Владимир Димов 1во Место
Томас Трајковски 3то Место

Класа Утв/Атв (Хоби класа)
Омер Беџети 1во Место
Вулнет Рустеми 2ро Место
Дејан Стефановски 3то Место

Класа Ветерани
Зоран Димов 3то Место

Офф Роад Шоу(Хоби класа)
Ненад Стојовски 1во Место
Марко Блажевски 3то Место

Најново во Авто-мото