ВО ПРВАТА ТРКА ПО ПАУЗА ОД ТРИ ГОДИНИ

Хорор пад на екс-светскиот првак: Стонер со тешки повреди на Сузука (ВИДЕО)

Двојниот поранешен светски првак Кејси Стонер доживеа неколку тешки повреди при тешкиот пад што утринава на патеката Сузука во Јапонија.

објавено: 26 јули 2015 - 10:04

Австралиецот учествуваше на манифестацијата „Осум часа Сузука" што беше негов прв натпреварувачки настап по 2012 година. До несреќата дојде откако се обиде да совлада еден свиок, но заедно со својот мотоцикл летна преку заштитната ограда. На коленици и раце, тој успеа некако да излезе од патеката за да не предизвика судир со другите натпреварувачи, но потоа легна во очекување да му се пружи помош.

По прегледите, стана јасно дека има скршеница на рамото и на потколеничната коска. Околу еден час по несреќата, тој на Твитер објави дека се чувствува добро, но двата тешко повредени дела од телото му се имобилизирани.

Најново во Авто-мото