ОРГАНИЗАТОР НА ТРКАТА БЕШЕ МОТО КЛУБОТ ВАРДАР

Христиан Станковиќ по шести пат е шампион на Македонија (ФОТО)

Оваа недела се одржа третата и последна трка од Македонскиот Мотокрос Шампионат, на популарната патека Орман во близина на Скопје.

објавено: 15 октомври 2018 - 16:00

За Ендуро Тим Водно настапија пет возачи во различни категории. Во класата MX2Ендуро Тим Водно имаше огромен успех,поточно возачот Христиан Станковиќ го освои првото место, додека Виктор Караколев беше втор.

Со овие резултати во генералниот пласман Христиан Станковиќ по шести пат е шампион на Македонија, додека Виктор Караколев за прв пат е вицешампион во класата MX2.

Ендуро Тимот Водно од Скопје оваа сезона е еден од натрофејните мото клубови во нашата земја во повеќе дисциплини како што се Мотокрос, Ендуро и Брзински мотоциклизам.

Најново во Авто-мото