НАШИОТ „МОТОРЏИЈА“ БЕЗ ГРЕШКА

Христијан Бузалковски се враќа од Романија со две победи!

На патеката Моторпарк во Романија овој викенд се одржаа две трки од Европскиот Шампионат

објавено: 14 мај 2018 - 18:25

На патеката Моторпарк во Романија овој викенд се одржаа две трки од Европскиот Шампионат во моторциклизам.

Трки на кои настапи Христијан Бузалковски од Ендуро Тим Водно Скопје.

А по двете одржани трки Христијан се враќа со стонастотен учинок. Односно две победи , пол позиција и апсолутен рекорд на патеката во неговата класа.

Моментално Бузалковски е прв во генералниот пласман. По четири извозени трики има 95 бодови.

Следната трка од ЕШ е во Плевен, во соседна Бугарија за помалку од еден месец.

Најново во Авто-мото