КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА КАТАР

И вториот тренинг за Довициозо

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо после најдоброто време на тренингот на патеката „Лосаил" во Катар, беше најбрз и на вториот тренинг, додека втор беше неговиот сонародник Данило Петручи на моторот на тимот Прамак...

објавено: 16 март 2018 - 21:15

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо после најдоброто време на тренингот на патеката „Лосаил" во Катар, беше најбрз и на вториот тренинг, додека втор беше неговиот сонародник Данило Петручи на моторот на тимот Прамак...

Довициозо го одвозе вториот тренинг во Катар во време од 1:54.361 додека Петручи беше поспор за само шест илјадити делови од секундата.
До третото најбрзо време и мало изненадување дојде Шпанецот Алекс Ринс на Сузуки кој после осмото време на првиот тренинг возеше многу подобро на вториот, а во самата завршница беше многу блиску и до првото место.
Марк Маркес, актуелниот бранител на титулата во кралската класа заврши како шести, додека вториот возач на јапонскиот клуб, Дани Педроса, на седмото место.
Далеку назад, на позицијата девет беше Валентино Роси, додека Жоан Жарко заврши како десетти во оваа трка за пласман пред официјалниот дел од ГП на Катар.

 

Најново во Авто-мото