ЛОША ПРОЦЕНКА НА ВОЗАЧОТ НА ЕСТРЕЛА ВО МОТО 3

Камиказа Кане!

Возачот на Естрела Галисија Арон Кане предизвика инцидент за време на трката за Големата награда на Шпанија во Мото 3 категоријата, бидејќи четири круга пред крајот од патеката ги исфрли Хорхе Мартина, Ен Бастијани и Тони Арболино.

објавено: 6 мај 2018 - 13:52

Токму овој инцидент влијаеше на расплетот на трката, бидејќи овие четворица возачи беа лидери, па така ситуацијата ја искористи германскиот мотоциклист Филип Етл кој ја оствари првата победа во кариерата.
Етл до „првенецот" стигна со 59 илјадитинки предност во однос на Италијанецот Марко Бецеки. Трет заврши Алонсо Лопес.

Ова не е прв ваков инцидент на Кане. Во април, на аргентинското ГП Кане влета во моторот на Јурченко и двајцата завршија надвор од патеката.

Најново во Авто-мото