ШПАНЕЦОТ ГО ДОБИ ДУЕЛОТ СО „ДОКТОРОТ"

„КЕНГУРСКИ СКОК" НА МАРКЕЗ: Од Австралија кон титулата

Возачот на Репсол Хонда Марк Маркез стигна до шестиот триумф во Мото ГП шампионатот откако славеше на Големата награда на Австралија во 16 трка од сезоната.

објавено: 22 октомври 2017 - 10:00

Патеката „Филип Ајленд" повторно пружи можност за спектакуларна борба во која учествуваа двајца големи асови на авто-мото спортот, Валентино Роси и Марк Маркез.

На крајот, победата ја однесе Маркез, Роси може да биде задоволен затоа што по несреќата во Јапонија се врати на место на подиумот, додека пак на третото скалило на победничката листа се искачи вториот возач на Јамаха, Маверик Вињалес.
Главниот конкурент на Маркез во трката за титулата, Андреа Довициозо имаше исклучително лоша трка. Го зазема „баксузното" 13. место, па на тој начин Шпанецот ја зголеми својата предност во однос на конкуренцијата на 33 бода.
А и дефинитивно, Вињалес остана без шанси за титулата.
Наредната трка од Светкиот шампионат се вози следната недела, и тоа за Големата награда на Малезија, на патеката „Сепанг".

Најново во Авто-мото