ОБВИНЕНИЈА, ОПРАВДАНИ ИЛИ НЕ?

ЛОРЕНЦО: Маркез ми ја уништи трката и ногата

Возачот на Дукати го обвини актуелниот шампион Марк Маркез за паѓањето на трката за Големата награда на Арагон...

објавено: 24 септември 2018 - 17:00

Настапот на трката во Арагон, Хорхе Лоренцо го заврши само што тргна од стартната рамнина на патеката во ова шпанско место.

После првата кривина падна од моторот, а по дуелот кој го имаше со Марк Маркез.
Првите прегледувања покажаа дека Хорхе го повредил палецот на левата нога, а потоа е утврдено дека имал микропрелом на еден од првите на истата нога.Тоа бара ставање на гипс, па Шпанецот ќе мора да мирува десетина дена.

Ова е втора по ред трка која Лоренцо не ја заврши, затоа што падна и пред крајот на настапот во Мизано.

„Од страна изгледа како да сум влегол во кривината пребрзо, дека сум премногу наведнат, дека сум 'прешироко' и дека поради тоа паднав. Меѓутоа, тоа не е она што јас го почувствував. Ја следев онаа нормална линија како и во изминатите седум годинио. Но видов дека Марк оди 'внатре', доста агресивно. Не ми дозволуваше да ја поминам кривината. Во Мизано паѓањето беше моја грешка, но овој пат Марк ми ја уништи трката, стопалото и една голема шанса да победа. Исто така ја загрози мојата шанса да се натпреварувам на Тајланд"- се жалеше Лоренцо после трката.

Додаде дека бил прилично вознемирен кога ја прегледал снимката од трката и тие стартни моменти во Арагон.

„Не е така, и Марк го знае тоа. Не ми остави друга опција, не му беше грижа за мене"- додаде Лоренцо, кој сепак ќе биде подготвен за следната Голема награда, онаа на Тајланд која се вози на 7. октомври на патеката во Бурирам.

Најново во Авто-мото