ИАКО ВО ШПАНИЈА ПОБЕДИ ДАНИ ПЕДРОСА

Марк Маркес ја одбрани титулата во „кралската класа"

Возачот на Репсол Хонда ја одбрани шампионската титула откако на затворањето на сезоната, на ГП во Валенсија, стигна до третото место, а неговиот главен конкурент за титулата Андреа Довициозо не ја заврши трката.

објавено: 12 ноември 2017 - 17:25

Марк Маркес е новиот-стар шампионот на светот во мото ГП конкуренција.

Младиот Шпанец ја одбрани титулата во најсилната класа откако на последната трка од шампионатот возена за ГП на Валенсија, стигна до третото место на подиумот. Соема доволно да ја одбрани предноста од 21. поен со која влезе во големото финале, но и поради тоа што неговито единствен конкурент, Андреа Довициозо не ја заврши трката вокоја можеше да стигне до тронот.

Маркес имаше голема грешка во средината на трката, поточно на седум круга до краот. Но усшеа да се врати на петото место, а потоа и да додје до подиумот.
Во меѓувреме Довициозо се откажа, па се стана јасно околу изгледот на конечната табела.
Со тоа Шпанецот ја освои својата четвртта шампионска круна во „кралската класа", а шестата вкупно.
За првпат, Маркес освои титула во 2010 година, но во класата 125 а две години подоцна го повтори истото.
Најдобар во најсилната класа беше и во 2013, 2014 и во 2016 година.
Од актуелните возачи во Мото ГП, само Валентино Роси е „побогат" од него. Има освоенодевет титули, од нив седум во најсилната класа.

Најново во Авто-мото