ФАНТАСТИЧЕН ФИНИШ НА АКТУЕЛНИОТ СВЕТСКИ ШАМПИОН

Маркез ја „украде“ победата во Мизано

Марк Маркез успеа да го спречи Данило Петручи да стигне до славна домашна победа на Сан Марино ГП во Мизано, и со фуриозен финиш успеа да победи и да се израмни со Андреа Довициозо на врвот во генерален пласман

објавено: 10 септември 2017 - 15:06

Маркез успеа да стигне до четврта победа оваа сезона, откако го доби дуелот на дожд со Петручи, возачот на Прамак Дукати, кој го „наследи“ водството во седмиот круг од трката, откако Хорхе Лоренцо излета со своето Дукати на шестата кривина додека имаше огромна предност.

Но, Петручи не успеа да се ослободи од Маркез, кој успеа да остане со Италијанецот до финишот и да го помине на почетокот на последниот круг за да ја запечати победата.

Лоренцо беше убедливо најдобриот возач на почетокот на трката, кога имаше најлоши услви за возење, додека Маркез беше пред второто фабричко Дукати на Довициозо. Петручи од осмото место на стартот, беше четврти до крајот на третиот круг, поминувајќи го освојувачот на пол-позицијата Маверик Вињалес. Два круга подоцна, тој го помина Довициозо за третото место, а во следниот беше подобар од Маркез.

Довицозо немаше сили за борба во псоледната фаза од трката, оставајќи ги возачите пред себе да се борат за победата. Со неговото трето место дојде до неверојатен исход во борбата за генерален пласман - двојката има 199 поени, додека Вињалес со четвртото место е трет со 16 поени помалку.

Од трката отсуствуваше Валентино Роси, кој ја скрши ногата на мотокрос-тренинг пред една недела.

Најново во Авто-мото