ШПАНЕЦОТ ГО ОБЈАСНУВА ЛУТИОТ НАПАД ВО ПОСЛЕДНИОТ КРУГ

Маркез: На момент заборавив на шампионатот

Светскиот шампион и лидер во генерален пласман во Мото ГП, Марк Маркез вели дека „заборавил на шампионатот" во последните моменти од Австриското ГП, кога се обиде да го помиен Андреа Довициозо во Дукати за победа

објавено: 13 август 2017 - 20:00

Довициозо реши да му остави простор на Маркез да нападне, и тој накратко беше прв, пред да загуби на рамниот дел во импресивна трка до финишот.

„Во последниот круг мислев на сè, освен на шампионатот. Малку заборавив на тоа. Туркав 100 отсто и решив да одам до крај бидејќи победата ќе беше многу важна, иако и второто место беше ОК. Пристигнав во последната кривина и велев ќе одам до крај, бидејќи немаше да можам да спијам мирно вечерта. Знам дека беше ризик, но и 20 поени се добри“, вели Маркез, кој има 16 поени предност пред Довициозо, додека лани во овој дел од сезоната имаше 53 поени предност.

 

Најново во Авто-мото