МОТО ГП - ЛУДО ВО ХЕРЕЗ

Маркез победник, но голем инцидент ја одбележа трката

Шпанскиот возач Марк Маркез славеше триумф на трката за Големата награда на Шпанија во Мото ГП шампионатот, но неколку кругови претходно се случи инцидент кој ја засени победата на возачот на Хонда.

објавено: 6 мај 2018 - 15:20

На патеката Хeрез, Кал Кратчлоу стартуваше од првото место, а зад него тргнаа Дани Педроса и Јоан Зарко. Актуелниот првак Марк Маркез стартуваше дури од петтата позиција. Водството бргу го презеде Хорхе Лоренцо, а потоа по добро познато сценарио Маркез бргу изби на втората позиција, а потоа го претекна и Лоренцо.

Во тој момент зад него беа Лоренцо, Довициозо и Педроса. Ситуацијата беше таква неколку кругови во кои Маркез се одлепи на чело, а конкурентите не можеа да го следат неговиот ритам. Потоа настана хаос на патеката Хуарез. Довициозо тргна во напад на Лоренцо, а Педроса виде простор да ги помине и двајцата. Сепак, Лоренцо успеа да го затвори Педроса и дојде до контакт меѓу нив кој се пренесе и на Довициозо па така сите тројца испаднаа...

Маркез победи и освои нови 25 бодови. Втор заврши Јоан Зарко, а трет Андреа Јаноне.
Кратчлоу падна на средина од трката и остана без бодови.

Во вкупниот пласман Маркез има 70 бодови, а позади него се Зарко и Вињалес. Довициозо сега падна на четвртата позиција.

Најново во Авто-мото