МАДРИД Е МЕСТОТО НА ПРОМОВИРАЊЕ

Нова сезона, нови бои, нова Jамаха, „стари" само Роси и Вињалес (ФОТО+ВИДЕО)

„Јамаха" го претстави новиот мотор и тим за сезоната 2018 која практично почнува наредниот викед, со официјални тренинзи на Сепанг.

објавено: 25 јануари 2018 - 19:05

Многу нови работи ќе има од „Јамаха" во новата сезона на мото шампионатот.

Барем така беше најавено на специјално направената прес-конференција во Мадрид на која италијанскиот конструктор само го покажа она силно партнерство сотелекомуникацискиот гиганг „Телефоника Шпанија".

Промовирани беа новото лого на „Јамаха", новите бои, но и големата буква „М“ која ги краси моторите.

„Сјајно е ова денеска. Промоциите на тимот се секоја година, но за мене е интересно, да ги видам новите бои на моторот, тоа го зголемува возбудувањето. За време на зиската пауза ми недостасуваше мојот М1, а кога денеска го видов, сакам што побрзо да го возам, иако ќе мора да сочекам неколку дена. Се радувам на новата сезона. Минатата имав една победа и шест подиуми, но имав и проблеми со повредата. Сакам петата сезона со 'Мувистар' да биде година за паметење, и со сета сила ќе ги напаѓаме победите" - порача деветкратниот светски шампион Валентино Роси.

Најново во Авто-мото