СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ ЗА ЛИДЕРОТ

Педроса почнува како прв во Сепанг

Возачот на Репсол Хонда беше најбрз за време на квалификациите за ГН на Малезија, па трката ќе ја започне во првиот ред, односно од пол-позицијата. Довициозо е трет, а Маркес дури седми...

објавено: 28 октомври 2017 - 13:10

Возачот на Репсол Хонда беше најбрз за време на квалификациите за ГН на Малезија, па трката ќе ја започне во првиот ред, односно од пол-позицијата. Довициозо е трет, а Маркес дури седми...
По трет пат во оваа сезона, и 49. во кариерата Дени Педроса ќе стартува од позицијата број 1 во кралската класа.
Шпанецот обезбеди ново најдобро време на квалификациите кои се возеа во Сепанг. Зад него останаа се подобро Жоан Зарко, и едне од топ-фаворитите Андреа Довициозо.
Добар резултат запиша и Валентино Роси, кој ќе стартува како четвртти. А се чини дека најмногу, барем во овој дел од ГН на Малезија, разочара Марк Маркез.
Водечкиот во генералниот пласман ќе почне од третиот ред, односно со седмо најдобро време во квалификациските трки на кои Шпанецот имаше сериозни проблеми, но успеа да се одржи во баланс на својата Хонда.

Најново во Авто-мото