НА ВТОРИОТ ТРЕНИНГ ВО МИЗАНО

Петручи и Дукати најбрзи, Маркез пак падна!

Возачот на Прамак Дукати, Данило Петручи беше најбрз на вториот Мото ГП тренинг за Сан Марино ГП трката во Мизано, откако дотогашниот лидер Марк Маркез падна

објавено: 8 септември 2017 - 16:00

Маркез имаше најдобро време во поголемиот дел од сесијата, но падна на острата последна кривина во последниот дел од сесијата. Тој се врати на вториот мотоцикл за уште еден обид, но останува со најдоброто време од првиот тренинг.

Зад Петручи беше возачот на Јамаха, Маверик Вињалес, лидерот во генерален пласман Андреа Довициозо на Дукати па Дани Педроза и Маркез.

Од трката овој викенд отсуствува деветкратниот светски шампион Валентино Роси, кој има двојна скршеница на ногата и најверојатно ќе му треба повеќе од месец дена да се врати во акција.

Најново во Авто-мото