ШПАНЕЦОТ ЈА ПОТВРДИ СВОЈАТА НАЈДОБРА ФОРМА

Пол позиција за Лоренцо во Сан Марино (ФОТО)

Во занимливите квалификации пред неделната Мото ГП трка за Големата награда на Сан Марино и Римини во Мизано на патеката „Марко Симончели" пол позицијата ја освои возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо.

објавено: 8 септември 2018 - 15:35

Шпанскиот возач на „Дукати" потврди дека е во моментно најдобрата форма од сите возачи во „кралската" класа.

Во Мизано го имаше најдобриот круг уште од 2007. година со време од 1:31.629, така го поправи рекордот кој сам го држеше од таа година.

Второ време во квалификациите забележа Џек Милер, возачот на „Прамак Дукати", а трет заврши Маверик Вињалес со „Јамаха".

Следуваат Андреа Довициозо, а петти ќе стартува Марк Маркес, во Топ 10 се најдоа уште Кал Крачлоу, Валентино Роси, Данило Петручи, Жоан Зарко и Алекс Ринс.

Трката ќе се вози в недела од 14:00 часот, моментно во генералниот пласман води Маркес со 201 бод, пред В. Роси (142), Х. Лоренцо (130), А. Довоциозо (129), М. Вињалес (113)...

Најново во Авто-мото