НЕДЕЛНАТА МОТО ГП ТРКА ПОСТАВИ НЕВЕРОЈАТЕН РЕКОРД

Рекорд во Мизано - 140 судири!

Во текот на целиот викенд на Сан Марино ГП трката во Мизано имаше неверојатни 140 судири, поставувајќи нов рекорд во шампионатот

објавено: 12 септември 2017 - 21:30

Поради дождот и драстичното менување на временските услови имаше огромен број на падови - дури 80 од нив се случија на загревањето (26) и трките (54). Повеќе од половина од учесниците на Мото2 и Мото3 трките паднаа, додека елитната класа имаше помалку падови, но само 15 возачи ај завршија трката.

Само две ГП трки оваа година имаа повеќе падови во текот на трката - Ле Ман (94) и Асен (91). Претходниот рекорд беше Португалското ГП во Есторил со 130 падови.

Најмногу падови оваа сезона имаат двајца возачи кои се на различно местово трките - Марк Маркез и Сем Лоувс. Британскиот возач на Априлија, Лоувс има 23 пада оваа година, додека Маркез на Хонда падна 20 пати, „подобрувајќи“ го рекордот од 17 пада во една сезона, со уште пет трки до крајот ан сезоната.

Најново во Авто-мото