ЈАМАХА СО ДОБАР ФИНИШ ВО ЧЕШКА

Роси најбрз на тестот во Брно

Валентино Роси со својата Јамаха постави најдобро време на тестирањето во Брно, Чешката Република, пред победникот на неделната трка Марк Маркез

објавено: 7 август 2017 - 20:10

Роси постави време од 1:55.162 на една минута пред крајот на сесијата, поминувајќи го Маркез, кој беше најбрз во последните четири часа од осумчасовниот тест. На крајот разликата беше 0.018 секунди. Маверик Вињалес во втората Јамаха беше трет, додека неговиот тим ги тестираше новите аеродинамички подобрувања на YZR-M1 мотоциклот.

Вињалес беше најбрз во поголемиот дел од сесијата, но не можеше да го подобри времето на Роси и Маркез. Четврт беше Хорхе Лоренцо за Дукати, додека неговиот колега Андреа Довициозо, со новиот радикален дизајн на Десмоседичи мотоциклот беше 11.

Мотоциклистите немаат време за одмор, бидејќи веќе во недела се вози Австриското ГП на Ред Бул Ринг во Шпилберг.

Најново во Авто-мото