КОГА ЌЕ КАЖЕ НАЈГОЛЕМИОТ ТОГАШ...

РОСИ: Сите треба да учат од Довициозо

Деветкратниот светски првак вели дека Андреа Довициозо е совршен пример зошто на помладите возачи би требало да им се даде повеќе време за да донесат резултати.

објавено: 24 декември 2017 - 21:40

Цели девет години поминаа откако Андреа Довициозо дебиираше во кралската класа. Меѓутоа и покрај тоа што помина барем две години на фабричките мотори на Хонда односно Дукати, оваа година за прв пат ја имаше шансата да ја освои шампионската титула.

Италијанскиот мотоциклист до овогодинешниот ГП шампионат имаше забележано само две победи во најсилната категорија. Но во оваа имаше дури шест први места. И беше единствениот конкурент кој буквално до последната трка му беше конкуренција на Марк мкрез зад кого на крајот заостана 37. бода.

„За мене приказната за Довициозо е и тоа како добра затоа што помина низ доста тешки периоди за време на кариерата, особено во кралската класа. Сите треба да учат од него, затоа што ниту еднаш не се откажа. Не ја загуби вербата, и имаше самодоверба. За девет години победи на две трки, а потоа шест во една иста сезона. За да го направите тоа морате да бидете јаки и да имате баланс"- нагласи „докторот".

Роси дополни дека сега сите некаде „брзаат", но и дека за сето тоа е потребно време и само време...

„Секаде е така, не е само во мото ГП шампионатот. Во секој спорт, сите сакаат резултати веднаш. Никогаш не го имате времето на ваша страна"- дополни деветкратниот светски шампион.

Неговиот договор со Јамаха истекнува на крајот на следната сезона, а најави дека по неколку одзвозени трки ќе процени дали воопшто и ќе го продолжи.
Инаку наредниот ГП шампионат почнува на 18. март следната година, и тоа со големата награда на Катар.

 

Најново во Авто-мото