СПОРЕД ИТАЛИЈАНЕЦОТ СЕГА ИМА ЕДЕН ФАВОРИТ ЗА ТРОФЕЈОТ

Роси: Тешко против Маркез

Валентино Роси се согласува со својот колега од Јамаха, Маверик Вињалес, дека ќе биде речиси невозможно да се спречи Марк Маркез да ја освои Мото ГП титулата по неговата победа на Арагон ГП трката минатиот викенд

објавено: 26 септември 2017 - 20:25

Со петтата победа во 2017, Маркез направи предност од 16 поени пред Андреа Довициозо во Дукати, а во последните шест трки, возачот на Хонда победи на четири од нив. Роси верува дека победата во Арагонија е „голем чекор“ и дека главните ривали на Маркез, Довициозо и Вињалес ќе имаат мака да го сопрат Шпанецот.

„Мислам дека е многу тешко да се размислува за титулата ако не се викате Марк Маркез. Изгледа дека на тестот во Брно Хонда успеа да извлече многу од својот мотоцикл, бидејќи оттогаш тој е незапирлив“, вели Роси.

Најново во Авто-мото