„ДОКТОРОТ" Е УБЕДЕН ВО ЕДНА РАБОТА

РОСИ: Уште сум на врвот, Буфон треба да го следи мојот пример!

Во интервјуто дадено за „Газета дело спорт", возачот на Јамаха, Валентино Роси вели дека луѓето обожуваат да зборуваат за спортистите како и Џанлуици Буфон, како „биле готови". Но, неговите размислувања се сосема поинакви...

објавено: 29 март 2018 - 20:25

Во интервјуто дадено за „Газета дело спорт", возачот на Јамаха, Валентино Роси вели дека луѓето обожуваат да зборуваат за спортистите како и Џанлуици Буфон, како „биле готови". Но, неговите размислувања се сосема поинакви...

Валентино Роси ги доби првите три страни од „Газето дело спорт" за да објасни некои актуелни моменти во кои функционира.
Еден од најдобрите мотоциклисти на сите времиња уште еднаш повторува дека е на врвот, а притоа му даде и еден интересен совет на Џанлуиџи Буфон.
Смета дека голманот на Јувентус треба да го следи неговиот пример, и дека без оглед на тоа дека има 40 години, не треба да се повлече од светот на спортот.

„Какво откажување. Џиџи е ист како мене и треба да го следи мојот пример. Јас сум на врвот, тој е исто така. Треба само да ме имитира мене, и никако не смее да се повлече"- јасен е „Вале".

 

Најново во Авто-мото