Клубот МК Ендуро Тим Водно со доста акции

Станковиќ и Караколев одлични во Крушевац

Овој викенд беа учесници на неколку натпревари, и тоа во различни категории.

објавено: 16 април 2018 - 19:35

Викендов се возеше првата трка во Бму Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам која се одржа во Серес во соседна Грција.
Нашиот натпреварувач Христијан Бузалковски се натпреваруваше во две класи,во клсата СП125 и во класата Ф600 каде беше дебитант.


На квалификациите во класата Ф600 имаше фантастично трето време во конкуренција на 22 возачи. За жал на првата трка неговиот мотоцикл се расипа па тој беше приморан да влезе во боксот.

И покрај обидите на механичарите Бузалковски не успеа да го оспособи мотоциклот и првиот викенд во класата F600 за жал го заврши без пласман.

Во класата SP125 на првата трка стартуваше одлично и направи предност од една секунда, но по удар во асвалтот шалтерот за менување му се искриви па мораше да менува брзини со рака. На крајот на првата трка сепак и покрај проблемите со мотоциклот тој заврши на втората позиција. На втората трка тој возеше одлично, без никакви проблеми и заслужено ја забележа првата победа во сезоната.

Во категоријата мотокрос Ендуро Тим Водно овој викенд се представи со двајца возачи кои што ја возеа првата тка за србскиот Шампионат која се одржа во Крушевац,
Во класата МХ2 Христијан Станковиќ се квалификуваше на второто место на само 0,6 секунди од првопласираниот.

Во класата МХБ Виктор Караколев беше квалификуван на седмата позиција во конкуренција од 25 возачи.
Во неделата се возеа две трки,на првата трка Христијан Станковиќ ја задржа истата позиција од квалификациите и трката ја заврши на второто месето.

Во втората трка во голема борба со конкуранцијата успеа да се избори за победа и заврши на првото место.
Виктор Караколев на трката во класата МХБ ја задржа истата позиција од квалификациите и трката ја заврши на седмото место.

Ова најавува одличен почеток на сезоната за Мото Клубот Ендуро Тим Водно од Скопје

Најново во Авто-мото