„ДОКТОРОТ“ МОТИВИРАН КАКО ВО НАСВЕТЛИТЕ ДЕНОВИ ОД КАРИЕРАТА

Валентино Роси ги израдува своите фанови: Ќе се тркам и на 40 години!

објавено: 9 април 2015 - 09:30

Деветкраниот светски шампион, Валентино Роси изјави дека може да биде конкурентен во кралска класа на Мото ГП шампионатот и до 40-та година од својот живот.

36-годишниот Италијанец призна дека размислувал да се повлече по низата разочарувачки сезони, но минатогодишниот шампионат практично го препороди.

„Докторот“ мината сезона стана вицешампион, зад Марк Маркес, а оваа ја стартуваше супериорно, со триумфот во Катар.

„Одлично се чувствувам. Мотивиран сум. Ја сакам оваа работа бидејќи таа е мојата страст, исто како и на останатите момци. Ако имате добар живот и добро тренирате, можете да бидете во врвот и на 40 години. Мотоциклизмот не е како атлетиката. Мотивацијата и концентрацијата прават разлика, а во мојот случај мотивацијата е клучна“, нагласи Роси.

Легендарниот Роси истакан дека тркањето во сегашната ера му помогнало повторно да личи на стариот Роси, кој сега ја вози 16-та сезона во најсилната класа.

„Среќен сум бидејќи во текот на претходните години трките се сменија. Имаше моменти кога се тркав со Кејси Стонер и Хорхе Лоренцо, кога трките практично беа готови по три круга. Беше тешко и досадно. Сега сѐ е сменето, откако Марк се појави, има многу поголема борба и стратегија“, истакна Роси.

Најново во Авто-мото