ШПАНЕЦОТ ИМАШЕ ОДЛИЧНА ТАКТИКА НА „ФИЛИП АЈЛЕНД“

Вињалес го прекина најдолгиот „пост“ на Јамаха (ФОТО)

Возачот на „Јамаха", Маверик Вињалес триумфираше на Големата награда на Австралија, 17. трка ова сезона во Мото ГП шампионат.

објавено: 28 октомври 2018 - 10:07

Младиот Шпанец на патеката „Филип Ајленд" ја оствари својата прва победа уште од минатогодишната трка во Франција, а вкупно петта во „кралската" класа.

Воедно ја прекина најдолгата низа на својот тим без триумф, која траеше од Големата награда на Холандија минатата година, на која славеше Валентино Роси, и оттогаш поминаа вкупно 25. трки.

Второто место го освои Андреа Јаноне на „Сузуки", додека на третата позиција се најде возачот на „Дукати", Андреа Довициозо.

На табелата води Марк Маркез со 296 бодови, пред Довициозо (210) и В. Роси кој има 195. Наредната претпоследна трка годинава е во Малезија на „Сепанг" која што ќе се одржи на 4. ноември.

Најново во Авто-мото