ПРВИ ТРЕНИНЗИ ЗА НОВАТА МОТО ГП СЕЗОНА

За почеток – Педроса

Првите официјални кругови во новата сезона се возеа во Сепанг, а Шпанецот и неговата Хонда Репсол покажаа најголема подготвеност

објавено: 28 јануари 2018 - 13:30

„Ако по утрото денот се познава" тогаш новата сезона во Мото ГП шампионатот би можела да биде доста успешна за Дани Педроса.

Шпанскиот мотоциилист со сјајно возење, денеска во Сепанг, оствари најдобро време на првите официјални тренинзи пред она што следува.

Со својата Репсол Хонда, Педроса извози дури 55 круга на патеката во Малезија, а следните две места ги освои тимот на „Дукати".
Андреа Довициозо го следеше Педроса, додека веднаш зад него беше Хорхе Лоренцо.
Во десетте најбрзи на овие први тренинзи се најдоа и Данило Петручи, Џек Милер, Валентино Роси, Марк Маркез, Жоан Зарко, Кал Кречлоу и Пол Еспаргаро.
Официјално, новата сезона во Мото ГП шампионатот стартува на 18. март, со трката за Големата награда на Катар.

Најново во Авто-мото