БОГАТИНОВСКИ Е БРОЈ ЕДЕН ВО СРБИЈА

На осумгодишниот Петар му нема рамен во „картинг“ (ВИДЕО)

Осумгодишниот Петар Богатиновски го освои првото место на картинг шампионатот во Србија. Македонското чудо од дете до пехарот дојде доминантно, победи на 22 трки од вкупно 23.

објавено: 4 октомври 2017 - 15:40

Петар Богатиновски - македонското чудо од дете, вака српските медиуми пишуваат за ова осумгодишно момче кое оваа сезона доминираше на картинг шампионатот во оваа земја. Богатиновски оваа сезона го освои првото место во Србија и тоа без мака. На последната трка на патеката Ада Хуја во Белград тој дојде до 22 победа, само еднаш заврши на второто место. Тука не застануваат одличните резултати, Богатиновски сите 23 трки оваа сезона стартуваше од пол-позиција.

Богатиновски кој член на клубот Црвена звезда минатата година заврши на третото место на картинг шампионатот во Србија. 

 

  

Најново во Авто-мото