ВОЗАЧОТ НА РЕПСОЛ ХОНДА ГО ОСВОИ САКСОРИНГ

Пред летната пауза, Маркез доминираше и во Германија

Шпанскиот натпреварувач ја забележа деветтата победа по ред во својата кариера...

објавено: 15 јули 2018 - 15:12

Рафаел Маркез, возачот на Репсол Хонда триумфираше на легендарниот Саксоринг, трката за Големата награда на Германија.

„Докторот" Роси доста долго беше на четвртото место, а во два круга успеа да ги престигне Петручи и Лоренцо, додека вториот возач на Јамаха, Маверик Вињалес во финишот од трката дојде од седмото до третото место и така на крајот се најде на подиумот.

Четврти беше Данило Петручи, петтопласиран Алваро Баутиста, а зад него Хорхе Лоренцо на шестата позиција.

На летната пауза во генералниот шампионат Маркез заминува со предност од 46 бодови пред второпласираниот Валентино Роси, а наредната трка ќе се вози за три недели во Брно.

Најново во Авто-мото