Актуелниот шампион во пласман на мотоцикли Прас падна на 4. етапа, по што ја скрши бутната коска на четири места. Тој веднаш беше однесен во болницата во Ла Паз, Боливија каде што беше на операција и останува во болницата, иако според неговиот веб-сајт опоравувањето е отежнато поради проблеми со разбирањето на шпанскиот јазик, и од ударот.
„Имав неколку тешки ноќи во Ла Паз. Поради јазичната бариера е многу тешко, а имав и мал удар кој ме растресе. Имам неколку австралиски пријатели кои ме посетија и тоа беше одлично. Се што се сеќавам е дека удрив во нешто цврсто, можеби карпа. Последното нешто на што се сеќавам е дека бев со лицето на земја откако излетав. Планот е да почнам да го планирам патот назад за Австралија и да ја започнам рехабилитацијата. Ќе биде многу тешко да се опоравам, но морам да се вратам на мотоцикл за четири месеци“, вели Прајс.