Принцови, алпинисти, погребници...

Најнеобичните учесници на релито „Дакар“ оваа година

64-годишен дебитант, погребник, освојувач на Монт Еверест... Ова се само дел од најнеобичните учесници на годинешното издание на релито „Дакар“.

објавено: 2 јануари 2019 - 13:00

Од 7 јуануари и оваа година тргнуваат првите големи возбудувања за вљубениците во авто-мото и рели трките. Релито „Дакар“ ќе се одржи во Перу, а и покрај фактот дека целиот пат е поставен на територијата на една земја, "Дакар", според организаторите, нема да биде лесна прошетка. Учесниците на релито-маратонот ќе мора да ги надминат десетте специјални етапи со вкупна должина од 3.000 жестоки километри, а целото растојание на трката ќе биде 5.500 километри. Во 2019 година, духот на африканскиот "Дакар" во јужноамериканските пејзажи ќе се врати!

Земајќи ги во предвид желбите на учесниците кои се пожалија дека по преселувањето во Јужна Америка, трката се претвори во класично рели, во 2019 година 70% од растојанието ќе биде низ песочни дини и пустини. Тоа значи, во преден план повторно ќе биде способноста правилно да се вози и правилно да се изгради тактика за трката.

Но, она што го чини „Дакар“ посебен се и учесниците. Овде ќе видите учесници од најразличен ков и професија, луѓе на кои автомобилизмот им е пасија, но и такви кои сакаат само да го почувствуваат духот на едно од најпрестижните светски натпреварувања. Во продолжение, дел од онбие „најчудните“ или најнеобичните учесници на релито „Дакар“ кои ќе ги видиме оваа година.

64-годишен дебитант

Дас едебитира на Дакар со 64 години се чини е реално! Најдобар пример е кинескиот тркач Јусиан Лиен, кој сонуваше за учество на "Дакар" и годинава својот сон го направи реалност. Откако ја изградил својата фабрика за производство на светилки, поранешниот работник во фабрика за облека решил да се повлече. Прво, станал бодибилдер, потоа се занимавал соо параглајдерство, за потоа да почне да учествува на автомобилски трки. Откако учествуваше на разни трки во Кина одлучи да се појави и на главниот рели-маратон на планетата.

Млади милијардери



Сите граници се бришат која единствена цел ви е да пробате нешто ново. Кинескиот претприемач Хе Житао е шефот на софтверскиот гигант Hangzhou Liaison Interactive Information Technology. Тој е дел од релито „Дакар“ од 2016 година и постојано напредува, така што во новиот рели-маратон како пилот на Тојота го очекува и звојот најдобар пласман досега. 

Освојувач на Еверест



Не помалку интересен годинава ќе биде и претставникот на Литванија, Антанас Јукневичиус. Тој е најуспешниот Литванец на „Дакар“. Но во неговиот тим има и еден навистина интересен навигатор - Дариуш Ваикулис, кој покрај тоа што е успешен автомобилист е уште поуспешен алпинист. По освојувањето на Монт Еверест во 2007 година, Ваикулис успеа да се искачи на седумте највисоки врвови на светот. Тој оваа година на релито ќе дојде директно од послесната алпинистичка мисија.

Принц со олимписки медал

Можеби не знаевте, но еден од најуспешните рели возачи на „Дакар“, Ал Атијах е принц. Повеќекратниот шампион е освојувач и на медал од Летните олимписки Игри во 2008 година, но во стрелаштво. 

Погребник

Третиот пилот на Toyota Gazoo Racing SA во претстојната трка ќе биде првиот Холанѓанец што некогаш ќе вози на „Дакар“ - Бернхард Тен Бринк. Немаше да биде ништо чудно за него, ако не го споменевме неговиот мал семеен бизнис. Бернхард има погребално претпријатие и сам произведува ковчези. 

Најново во Авто-мото