Откажана шестата етапа на Дакар, два дена пауза

Шестата етапа на Дакар релито 2017 е откажана поради лошите временски услови во Боливија, што значи дека возачите ќе добијат два дена одмор пред ре-стартот во понеделник

објавено: 7 јануари 2017 - 12:31
Петочната етапа од Тупиза до Оруро беше скратена за сите категории поради луњата во близина на Оруро, а бидејќи условите се влошија се откажа целата шеста етапа од 786 километри од Оруро до престолнината на Боливија, Ла Паз. Откажувањето значи дека натпреварувачите ќе имаат два дена одмор бидејќи неделата беше предвидена за ден за одмор во Ла Паз.

Акцијата ќе продолжи во понеделник со седмата етапа од Ла Паз до Ујуни со 622 километри, од кои 322 ќе бидат мерени.

Возачот на Пежо, Стефан Петерхансел води во пласман на автомобили, возачот на КТМ, Британецот Сем Сандерленд е лидер кај мотоциклите, а Герард де Рој со Ивеко е најдобар кај камионите.
 

Најново во Авто-мото