ПО ДВА ДЕНА ПАУЗА ПОВТОРНО АКЦИЈА ВО ЈУЖНА АМЕРИКА

Петерхансел го зголеми водството на Дакар 2017

Лидерот на Дакар релито, Стефан Петерхансел триумфираше на седмата етапа на трката, добивајќи 48 секунди пред својот најблизок ривал, колегата од Пежо, Себастиен Леб

објавено: 9 јануари 2017 - 21:00

Етапата од Ле Паз до Ујуни беше ревидирана откако силниот дожд во Боливија кој ја откажа саботната етапа, направи многу патишта недостапни.

Петерхансел направи предност од над минута пред деветкратниот Рели ВРЦ шампион, Леб до средина на етапата, пред Леб да ја намали предноста. Француската двојка на Пежо сега е раздвоена со 1:57, одвојувајќи се од Нани Рома (Тојота) и Сирил Деспре (Пежо), кои сега зазостануваат над 10 минути во генерален пласман.

Во пласман на мотоцикли до победа стигна Американецот Рики Бребек, како шести различни победник во исто толку етапи. Возачот на Хонда, Бребек го совлада португалскиот колега Пауло Гонсалвес, додека трет беше лидерот во генерален пласман, Британецот Сем Сандерленд (КТМ). Со третото место Сандерленд го зголеми водството во генерален пласман пред Пабло Квинтањиља на фантастични 17 минути, откако Чилеанецот беше само деветти.

Најново во Авто-мото