НОВ ПРЕДИЗВИК ЗА НАШИОТ ВОЗАЧ

Рико ќе тестира Порше за италијанскиот шампионат

Ристо Вуков следниот месец повторно ќе има шанса да го покаже својот квалитет и на меѓународно ниво

објавено: 14 април 2018 - 17:20

По минатогодишните одлични тестирања во Италија, македонскиот возач Ристо Вуков - Рико, следниот месец повторно ќе замине во оваа земја. Рико доби покана да терстира Порше ГТ3 куп за италијанскиот шампионат ГТ. Тоа е едно од најатрактивните натпреварувања, бидејќи на патеката има возила како што се Порше, Ламборџини, Ферари, Аури, Мерцедес...

Оваа понуда за Вуков доаѓа благодарение на неговите одлични перформанси кои ги покажа минатата на тестирање на возила со „TCR" спецификација, на патеката „Адриа". 

„Сопственикот на Дуел Рејс тимот, Алан Гамбосо беше присутен на ланските тестирања во Италија. Благодарение на одличните резултати кои ги постигнав на тие тестирања, сега добивам шанса искуството да го покажам во многу поголема и посериозна класа“, вели Вуков.

Планирано е да се тестира два дена во хрватскиот град Риека, на патеката „Гробник“.  

Освен овие тестирања, Вуков сезонава повторно ќе се натпреварува во Класата Југо Хибрид, а негов главен план му е да ја освои титулата во ова натпреварување. 

 

Најново во Авто-мото