СТАРТУВАШЕ РЕЛИТО ДАКАР

Сандерленд и Ал-Атија ја поведоа трката

Со „специјалот" од Лима до Песк во Перу, стартуваше 40.издание на релито Дакар, или десетото кое се вози во Јужна Америка.

објавено: 7 јануари 2018 - 14:00

Како увод во трката долга 8.000 километри, со т,н. „специјал" од Лима до Песк во Перу, стартуваше 40.издание на релито Дакар, или десетото кое се вози во Јужна Америка.

Се возеа 31 од предвидените 272 километри.
Кај автомобилистите најбрз беше Насер Ал Атија во Тојота, а го следеа Тен Бринке, исто така возач на Тојота, со задоцнување од 16 секунди, додека пак кај мотоциклистите, прв низ целта помина бранителот на титулата, Сем Сандерленд.
Релито продолжува да се вози низ пределите на Боливија и во Аргентина.

Најново во Авто-мото