ТРЕТА ЕТАПА ОД РЕЛИТО ДАКАР

Сандерленд се врати на чело на колоната

Актуелниот шампион во конкуренција на мотоциклисти триумфираше во третиот возен од Писк до Сан Хуан Де Марокан долга 501километар...

објавено: 8 јануари 2018 - 21:15

Сем Сандерлен кој вози за КТМ, е нов лидер во поредокто на мотоциклисти на релито Дакар. Британецот најдобро одвозе во оние 501 километар на релација Писк-Сан Хуан Де Марокан.

Имаше дури три минути предност во однос на Кевин Бенавидес на Хонда, додека пак трет во третата етапа беше екс-првакот на Дакар, Тоби Прајс.

Многу лошо се тркаше Жоан Бареда, кој претходно, со триумфот во втората етапа го превзема водството кај моторџиите. Но сега имаше неверојатни 28. минути заостанување кои го поставија на 15 место во генералниот пласман.
Кај автомоблистите, најбрз беше возачот на Тојота, Насер Ал-Атија кој беше најдобар и во првата етапа. Овој возач од Катар го остави четири минути зад себе Стефан Петерхансел во Пежо, а потоа и неговиот колега од францускиот производител, Карлос Саинс.
Но Петерхансел ја задржа првата позиција во поредокот со 3:11 минути предност во однос на Сирил Депре, исто така од Пежо.
Следната етапа на Дакар се вози околу Сан Хуан Де Марокан, долга е 444 километри, од кои 295 се од оние т.н. „специјали".

Најново во Авто-мото