ПО ОСУМ ЕТАПИ ВО ЈУЖНА АМЕРИКА

Себастиен Леб е нов лидер на Дакар 2017!

Рели ВРЦ легендата, Себастиен Леб победи на осмата етапа на Дакар релито за да стане нов лидер во генерален пласман пред колегата од Пежо и 12-кратен шампион на трката на издржливост, Стефан Петерхансел

објавено: 10 јануари 2017 - 22:10
Леб беше побрз за 3:35 од Петерхансел, кој е 12-кратен шампион на Дакар релито, додека трет беше уште еден поранешен ВРЦ возач, Финецот Мико Хирвонен во Мини. Со оваа разлика, Леб сега е лидер со минута и 38 секунди.

Во пласман на мотоцикли, Жоан Бареда Барт стигна до победа на осмата етапа на Дакар 2017, додека лидерот во генерален пласман Сем Сандерленд ја зголеми предноста во генерален пласман. Бареда беше лидер на релито на стартот, но доби казна од еден час поради нелегално долевање гориво.
 
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
АВТОМОБИЛИ
1.Себастиен Леб (Фра) - Пежо 20:10:05
2.Стефан Петерхансел (Фра) - Пежо +1:38
3.Сирил Деспре (Фра) - Пежо +17:17
4.Мико Хирвонен (Фин) - Мини +53:41
5.Жиниел де Вилиер (ЈАР) - Тојота +1:21:44
МОТОЦИКЛИ
1.Сем Сандерленд (Бри) - КТМ 22:01:08
2.Пабло Квинтањиља (Чил) - Хускварна +20:58
3.Адријан ван Беверен (Фра) - Јамаха +28:49
4.Матијас Валкнер (Авт) - КТМ +34:14
5.Жерард Фарес (Шпа) - КТМ +34:24
 

Најново во Авто-мото