ЛЕГЕНДАТА ЌЕ ВОЗИ ПОВТОРНО

Себастијан Леб се враќа во ВРЦ

Деветкратниот светски првак ќе вози три рели трки со „Цитроен"...

објавено: 20 декември 2017 - 21:50

Себастијан Леб носител на девет шампионски титули се враќа зад воланот, и повторно ќе вози трки од ВРЦ шампионатот.

Леб, кој во текот на кариерата има 78. победи, од т.н. „повлекување" имаше само пет „излети" во рели шампионатот, меѓу кои последниот беше релито Монте Карло во 2015 година.
А францускиот производител" Цитроен" на својата легенда ќе му овозможи да вози на рели трките во Мексико, Корзика и Шпанија, каде беше и најуспешен во текот на кариерата.
Совозач на овие три трки ќе му биде оној долгогодишниот, Даниел Елна, со кој и ги освои сите шампионски титули во текот на кариерата.

„Сите беа задоволни после тестирањето оваа година, а најмногу јас, па затоа учеството на три рели трки е логичен нареден чекор. Чувството кое ќе го добиете за време на рели возењето е нешто највозбудливото што сум го почувствувал. И посебно сум возбуден што ќе го возам новиот Ц3 на вистинска рели трка. Убаво е што тоа ќе го направам со тимот со кој имав и тоа како големи успеси. Немам преголеми очекувања, сакам само да уживам" - нагласи Леб.

Најново во Авто-мото