ФРАНЦУСКАТА КОМПАНИЈА ИМА СОВРШЕН ТЕСТЕР

Ситроен го враќа деветкратниот шампион Леб?

Шефот на ВРЦ тимот на Ситроен, Ив Матон вели дека сака деветкратниот шампион Себастијан Леб да биде официјален тестер на Ц3 моделот и на земја

објавено: 9 август 2017 - 22:00

Леб и неговиот долгогодишен со-возач Даниел Елена веќе го тестираа моделот од 2017 во францускиот регион Мозел во вторникот, пред Германското рели овој викенд. Тестот се одвиваше на асфалтни патишта и Матон сака да добие информации од 43-годишниот Леб на земјено рели.

„Засега ништо не е одлучено, но сакам Себ да има една сесија на земја. Тој е зафатен со рели-крос програмата за Пежо, но мислам дека може да биде достапен“, вели Матон.

Шпекулациите велат дека Леб би можел да се врати во Рели ВРЦ шампионатот, иако Матон вели дека тоа не е можно оваа сезона, иако би бил подготвен за таква „авантура“ во 2018 година.

Најново во Авто-мото