ГО ПЛАТИ ДАНОКОТ НА НЕИСКУСТВОТО

СУДИР СО ЕДНА ДИНА И КРАЈ: Виљаш-Боаш ја заврши авантурата „Дакар"

Откако во четвртата етапа имаше сериозна незгода, и беше повреден, Португалецот се откажа од понатамошното возење во 40. издание на најтешкото рели на светот.

објавено: 10 јануари 2018 - 23:00

Андре Виљаш-Боаш немаше многу среќа на своето премиерно појавување на релито Дакар.

Португалскиот фудбалски стручњак имаше сериозна „сообраќајка" за време на четвртата етапа од пустинското рели.
При еден судир со својата „Тојота Хилукс“ во една пустинска дина, Виљаш-Боаш добил доста сериозни повреди по што мораше да се откаже од понатамошното возење низ Аргентина, Боливија и Перу.
При транспортот до болницата, Португалецот чувствувал големи болки во пределот на рбетот.

„Андре е во болница поради повреда на грбот, неговиот настап на релито беше доста добар, но немаше среќа"- изјави директорот на Тојота,  Жан-Марк Фонтан.

Изненадувачки по крајот на сезоната во Кина, 40. годишниот стручњак се одлучи да стави крај на тренерската кариера која го водеше од португалските клубови како Академика и Порто, потоа низ англиските Челзи и Тотенхем, па преку рускиот Зенит се до кинескиот Шангај СИПГ

Најново во Авто-мото