ДОБАР ВИКЕНД ЗА ВОЗАЧИТЕ НА ФОРД

Танак со победа во Германија, Ожие пак на врвот

Естонецот От Танак стигна до победа за М-Спорт Форд на Германското рели, победувајќи го Норвежанецот Андреас Микелсен во Ситроен, додека со третото место, актуелниот шампион Себастиен Ожие се врати на првото место во генерален пласман

објавено: 20 август 2017 - 14:58

29-годишниот Танак ја презеде контролата на асфалтното рели во саботата, кога на возачот на Хјундаи, Тјери Нојвил му се скрш суспензијата на автомобилот, и остана во предност за победа со 16.4 секунди предност.

Нојвил стигна во Германија како лидер во генерален пласман, но по проблемите му го предаде првото место на Ожие. За Танак, пак, ова е втора победа во 2017 по триумфот на Италијанското рели во јуни.

Ожие, четирикратниот актуелен светски шампион е лидер на само три трки пред крајот на сезоната. 

Најново во Авто-мото