Претседателот на ФИА во пријатно друштво

Тод во посета на Мик и Корина Шумахер

Претседателот на ФИА, Жан Тод беше во посета на Силверстоун, каде што своето деби во Европската Ф3 серија го има Мик Шумахер, синот на седумкратниот Ф1-шампион Михаел Шумахер

објавено: 16 април 2017 - 12:35

19-годишниот Мик полека, но сигурно гради кариера со која би можел да стане третиот Шумахер во Ф1, по неговиот легендарен татко, Михаел и неговиот чичко Ралф.

„Добро е да се биде во Силверстоун со Корин и Мик. Тоа ме потсетува на славните времиња", напиша Тод на Твитер.

Французинот беше шеф на тимот на Ферари кога Михаел освои пет титули едноподруго во ера на целосна доминација во спортот.

Најново во Авто-мото