ВРЦ ШАМПИОНАТОТ ЌЕ СЕ „ШИРИ“

Турција и Хрватска пред влез во рели-календарот

Турското рели е пред кам-бек во Рели ВРЦ шампионатот, а сè поизвесно е дека и Хрватска ќе добие место на календарот во 2018

објавено: 7 август 2017 - 14:20

Иако се веруваше дека Нов Зеланд е фаворит за влегување во календарот за 2018, според „Аутоспорт“ Турција ќе добие ново земјено рели најверојатно во септември, со што ќе се врати во ВРЦ првпат од 2010 година.

Календарот ќе се утврдува на крајот на август, кога се верува дека Полското рели ќе го загуби местото во шампионатот откако минатиот месец имаа големи проблеми со контролата на публиката. Хрватска ќе го добие ова место откако премиерот на државата, Андреј Пленковиќ се сретна со луѓето од ВРЦ оваа година, каде што даде гаранции за државна поддршка на релито.

Најново во Авто-мото