МАКЕДОНСКИОТ ВОЗАЧ ОВОЈ ВИКЕНД ДЕЛ ОД ТЦР ИТАЛИЈА

Стефановски најбрз на тренинзите на легендарната Монца (ФОТО)

Нашиот Иџе одлучи овој викенд да биде дел од ТЦР Италија во Монца и во неговиот минатогодишен автомобил „сеат купри".

објавено: 5 октомври 2018 - 17:23

Игор Стефановски пред само 10 дена возеше на оваа патека со „хјундаи И30 Н" во рамките од ТЦР Европа, каде што целосезонски настап и каде му остана уште еден викенд, кон крајот на октомври во Барселона, Шпанија.

Стефановски најпрвин беше најбрз на првиот тренинг на легендарната патека со време од 2:00.219 пред моментно водечкиот во серијата, Салваторе Таван и Луиџи Ферара. Исто така блескаше и на вториот тренинг каде што имаше уште подобар резултат од 1:59.511.

„Првата сесија на моето гостување во Италија беше само тест. Дојдовме овде да уживаме во возењето и да видиме како оди со „сеат". Во оваа серија има доста добри возачи, првиот тренинг не значи ништо. Прв пат возам со пневпатици Мишелин, тоа е новитет и за мене и за мојата екипа. Повеќе пати сум возел на Монца. Тоа е убава патека која ми одговара. Ќе видиме како ќе биде овој пат", рече Стефановски.

Најново во Авто-мото