ТРАГЕДИЈА ВО БРИТАНИЈА

Талентиран возач остана без двете нозе (Видео)

Младиот 17-годишен Били Монгер во неделата доживеа несреќа на патеката, која ќе го остави инвалид да цел живот

објавено: 20 април 2017 - 14:15

Талентираниот возач Били Монгер преживеа вистински кошмар во неделата. Додека се возеше трката на „Донингтон парк“ се случи страшен судар на два болид, а најтешко помина токму Монгер. Младиот 17-годишен возач остана без двете нозе.

сударот се случи додека Монгер се обидуваше да претекне неколку болиди. Наеднаш пред него се појави еден болид кој возеше многу бавно, па се случи директен судар. Били остана заробен во болидот дури 90 минути, а потоа со хиликоптер е пренесен во болница. 

И покрај брзата реакција на лекарите, морало да му бидат ампутирани двете нозе. 

Најново во Авто-мото