МАКЕДОНЕЦОТ СПРЕЧЕН ОД ОРГАНИЗАТОРИТЕ ДА ДОЈДЕ ДО ПОБЕДАТА

Италијанците се исплашиле од Иџе: Не сакаа да го развиорат македонското знаме!

Игор Стефановски се враќа разочаран после настапот на ТЦР шампионатот во Италија каде што неговиот тим го даваа максимумот да се оствари најдобар резултат и се освои првото место.

објавено: 8 октомври 2018 - 17:30

Покрај сите тешкотии во текот на сезоната, „Летечкиот" Македонец истакнува дека поради банална казна која ја добиле од организаторот бил спречен да биде најдобрите изминатиот викенд.

Беше најбрз на двата тренинзи на легендарната патека Монца (Повеќе прочитајте ТУКА), подобар од сета италијанска елита, а потоа како да се исплашија домаќините па му додадоа 30 килограми тежина на автомобилот на Иџе. На првата трка беше седмопласиран, а на втората дојде до 10. позиција.

„Ова е дел од мојот тим, ова се луѓето кои се жртвуваат на сите трки низ мојата кариера, овој пехар што денеска ми го земаа за прво место требаше да им го доверам ним, затоа што они тоа го заслужија покрај сите тешкотии кои ги имавме оваа сезона. Овој викенд докажавме дека сме тим кој може да парира на најдобрите, жал ми е што добивме банална казна која само организаторот знае за што е дадена. Можеби ќе им пречеше покрај толку јаки италијански тимови да го развиоревме македонското знаме. Благодарност до сите спонзори кои се со мене и сите луѓе кои ми ја даваат поддршката да можам да го живеам мојот сон. Се гледаме наскоро на подиум", се зборовите на Стефановски.

Најново во Автомобили