НАМЕСТО КЛАСИЧНА ПРОМОЦИЈА

Нисан навара: Пик-ап наменет за работа и за задоволство

Наместо традиционалното објаснување и статичко промовирање на нов модел, од Аутомотив Груп се решија најавата за новиот модел на Нисан Навара НП300 да ја направат на необичен начин. Самите да се увериме за што се е подготвен овој модел, и тоа на терен за кој малкумина и знаат дека постои. Планинските предели на Маврово, Бистра и Лазарополе беa тестниот полигот за Нисан Навара НП300.

објавено: 14 јуни 2016 - 11:53

Повеќе од четири часа возење, запознавање и тестирање на можностите само го потврдија 80 годишното искуство на Нисан во развојот и производството на робусните пик-ап возила. Новата навара ја подигнива лествичката на скалилото, создавајќи ново мерило во класата на пик-ап возила со носивост до еден тон пренесувајќи ги нивните најдобри искуства како водечки производител на кросовери.

Во развојот на новата генерација на моделот, инженерите прво се фокусирале на подобрување на удобноста со задржување на теренските способности на навара, издржливост и носивост. Новиот модел е потполно обновена верзија на претходната генерација, со робусна и издржлва шасија која се одликува со нови технолошки решенија осмислени за уште подобри возни особини и поголема практичност. Благодарение на искуството во правењето на одлични кросовери во својатакласа, новата нисан НП300 во сегментот на пик-ап донесува добра дизјан, подобра удобност, квалитет и технички системи кои досега не се применувани во тој сегмент.

Однадвор изгледа како pick-up со погон на 4 тркала, но внатре новата Nissan NP300 Navara делува повеќе како crossover од премиум класата. Погледнете го само ергономскиот дизајн на арматурната плоча и материјалите од врвен квалитет. Опуштете се во седиштата со лумбална поддршка кои потекнуваат од седишта наменети за астронаути, наместете го двозонскиот клима уред и уживајте во удобноста на задната multi -link суспензија со спирални пружини. Овој pick-up не е наменет само за работа, туку и за секојдневно возење.

Благодарение на затворениот профил на шасијата, погонот на четири тркала, робусниот 2,3-литарски турбо дизел мотор со сила од 190 КЅ со два турбо полначи или 160 КЅ со еден турбо полнач, Nissan NP300 Navara со милиони километри ви обезбедува моќни перформанси и најмала потрошувачка во класата, што е за очекување од еден Nissan pick-up.
Без приговор ќе ве однесе каде и да посакате, без разлика дали е улица или земја, и тоа со потрошувачка од само 6,3 l/100 km. Почувствувајте го возбудувањето на новата генерација pick-up возила која ви носи доверливо возење и удобност на ниво на премиум автомобил.
Новиот pick-up Nissan NP300 Navara со погон на четири тркала се одликува со шасија со затворен профил (fully box ladder chassis), за разлика од полузатворените U-профили кои обично се употребуваат кај pick-up возилата. Се одликува и со нова multi-link суспензија со спирални пружини, единствена во сегментот на европски pick-up возила со носивост од еден тон. Тоа ја подобрува удобноста и управливоста без негативен ефект на носивоста.
Три начини на работа на погонот: 4WD High погон на сите четири тркала за нормални off-road ситуации, 4WD Low опција за теренско возење на проблематична и тешко совладлива подлога како што е песок, снег или
длабока кал или 2WD погон на две тркала за возење по асфалт и со дополнителните опции за помош за движење по нагорнини и контрола за движење по надолнини. Oва е pick-up кој ви овозможува одлична тракција дури и при користење на опцијата 2WD со гуми со плитки шари, а се тоа благодарение на системот eLSD.

Новата Nissan NP300 Navara е осмислена да се справи и со најтешките задачи како товар потежок од 1 тон и влечење на приколка со маса од дури 3,5 тони. Лесната врата на багажникот го олеснува товарењето и истоварот. Благодарение на револуционерниот систем на Nissan за врзување со С-канал*, вашиот товар ќе остане цврсто фиксиран. Подвижните клинови може да фиксираат било која позиција долж шините или по должина на трите страни од товарниот простор, така да може да прицвстите било каков товар без разлика на неговиот облик и големина.

Сите команди се онаму каде што треба да бидат за да можете лесно и едноставно да управувате со вашата околина. Интелигентниот клуч на Nissan за стартување на моторот со копче ви ов озможува да ги заклучите вратите, како и да го стартувате моторот без да го извадите клучот од џеб. Темпоматот, ограничувачот на брзина и AM/FM/CD аудио системот може да се контролираат со командите на кожниот спортски управувач. Системот за hands-free телефонирање кој работи преку Bluetooth конекција ви овозможува со леснотија да телефонирате.

Во согласност со тежнеењето на Нисан за иновации, новата НП300 навара е опремена со широка палета на нови технолошки решенија. Во класата која секогаш поспоро го следи напредокот во поглед на удобноста и сигурноста, НП300 Навара станува ново мерило во понудата на врвна технологија по поволни цени.

Систем за контрола на тракција (TCS). TCS ви помага да одржите подобар контакт со подлогата. Тој препознава кое тркало почнува да лизга и автоматски ја намалува силата на моторот или активира кочници како би се осигурал добар контакт со тлото.

Zone Body Concept. Помага во апсорбирање на ударот и го штити патничкиот простор при судар. Се одликува со висока цврстина на внатрешната конструкција зајакната со греди и со зони на гужвање како и
управувачки столб кој ја упива силината на ударот.

7 сериски воздушни перници. Предни воздушни перници за возач и совозач, две странични перници вградени во предните седишта, две странични воздушни завеси вградени во покривот, и воздушно перниче за колената на возачот.

Around View Monitor. Четири камери ви даваат поглед во опсег од 360 степени околу автомобилот и тоа од птичја перспектива, а можете да одберете поглед од напред, назад и странично за подетална слика.
Системот работи до брзина од 10 km/h, што вам ви помага да избегнете препреки додека маневрирате при ниски брзини на улица или терен.

Систем за динамична контрола на стабилноста (VDC). Го контролира управувањето, кочењето и стабилноста на возилото и по потреба ја намалува силата на моторот и кочи поединечни тркала за да ве задржи во саканата насока.

Систем за помош при нагло сопирање (FEB). Радарот кој е вграден во предниот браник го мери растојанието до автомобилот пред вас. Доколку препознае опасност од судар, ќе ве извести со звучен и визуелен сигнал. Доколку не примените доволна сила за кочење, автомобилот автоматски ќе
закочи за да избегне несреќа. Системот функционира на било која брзина и безбедно ќе го запре возилото со максимална брзина од 30 km/h.

Систем против блокирање на тркалата при сопирање (ABS). Го спречува блокирањето на тркалата при силно кочење, што вас ви овозможува брзо запирање и маневрирање околу препреките.

Електронска распределба на силата за кочење (EBD). Автоматски распределува поголема сила на кочење на задните тркала доколку детектира дополнителен товар позади.

Електронска блокада на диференцијал (eLSD). Во услови на лоша тракција (снег, кал, песок, чакал, нерамнини и слично) возилото препознава пролизгување на одредено тркало и автоматски го кочи за да ја поврати тракцијата на истото и да ве задржи на патот. Системот работи на сите
тркала.

Новата Nissan NP300 Navara ги исполнува сите потреби со широката понуда на модели и изведби. Во понудата може да најдете изведба со гола шасија (без сандак) која може да се догради по вашите потреби, на пример ако ви треба кипер, потоа има изведба со продолжена кабина за превоз на товар или изведба со двојна кабина за превоз на патници.

Најново во Автомобили