ИТАЛИЈАНСКО ОСВЕЖУВАЊЕ ПРЕД ЛЕТОТО

Новиот „Фиат 124 спајдер“ достапен за Европејците (ФОТО)

Новиот родстер на „Фиат" конечно ќе се појави во салоните во Европа, токму пред почетокот на летото. Новиот „фиат 124 спајдер" е познат и како италијански роднина на „мазда МХ-5", и се обидува да го измеша ретро стилот превземен од претходниот модел со модерни елементи. Работите како што се кружните фарови, извајаната хауба или шестаголната предна маска се директно поврзани со оригиналот од 1966 година.

објавено: 8 јуни 2016 - 11:20

Кабината од друга страна е целосно иста како кај Мазда. Единствената разлика е само во материјалот што се користел. „Фиат" користел повеќе кожа со видливи шавови за седиштата, управувачот и рачката на менувачот која е со хромирана боја, давајќи и на внатрешноста повеќе луксуз во однос на јапонскиот роднина.

Потрошувачите во Европа можат да го добија „124 спајдер" со било кој мотор што го сакаат, се додека основата е турбо 1,4 литарски бензонски мотор. Со 138 КС и 240 Нм вртежен момент, отворенот автомобил на „Фиат" може да забрза до 100 км/ч за 7,5 секунди, а максималнат абрзина му е 215 км/ч. Вкупната тежина на моделот е 1050 кг.

Инфотеимент систем со 7 инчен екран ќе биде опција за двете нивоа на опременост, а ќе се нуди и ХД радио, МП3 плеер, два излези за УСБ, шест звучници, дополнителни прклучлни места, мултимедијална контрола и блутут конекција. Кај повисокото ниво ќе има и задна камера и 3Д навигација.

„Фиат 124 спајдер" ќе биде достапен во две нивоа, и двете со можноста за избирање на осум различни бои на каросеријата, и уште повеќе нијанси на другиот материјал.

Нарачките се примаат почнувајќи одф 18 јун, и почетната цена ќе биде од 27.500 евра.

Најново во Автомобили