ГЕРМАНЦИТЕ СО НОВ АДУТ

Новите Ауди А5 и С5 купе се сѐ што сакате, и многу повеќе (ФОТО)

За обичното коло, Ауди А5 и С5 купе може да изгледаат многу познато и слично на претходните модели, но тие се навистина нови. Од есенва ќе може и да се купат

објавено: 6 јуни 2016 - 15:09

Во обидот да му дадат нов изглед на А5 и попрепознатлив визуелен идентитет и поголем сексипил во однос на А4, токму затоа во Ауди се решиле за пар на нови предни светла со почист облик, отколку поголем стил и позаоблена каросерија, бидејќи големите кругови треба да изгледаа како пар. Новата А5 ќе им биде достапна н акупувачите од есенва. Сега беше промовиран новиот А5 купе (како и С5 купе), додека подоцна ќе се понудат и А5 спортбек и новиот А5 кабрио.

Слично како и во случајот на новата А4, и кај А5 дизајнот нема големи промени и револуција, а овој конкурент на БМВ серија 4 и на Мерцедес Ц класа купе, сега има повеќе места во внатрешноста. Треба да се напомене дека новиот А5 купе е долг 467 см. широк 185 см и има меѓуоскино растојание од 276 см. Исто како и А4, и новиот А5 купе е нешто полесен од својо тпретходник (до 60 кг), со потрошувачка на гориво која во зависност од верзијата е до 22 отсто помала од досега. Возилото го има најдобриот коефициент на отпор на воздухот (о,25) и дека волуменот на багажниот простор е зголемен на 465 литри.

Во опремата што меѓу другото се нуди е и хед-ап дисплеј, дигитална инструмент табла, ММИ инфотеимент систем, поддршка за андроид ауто и Епл кар плеј, адаптивен темпомат, систем што го предупредува возачот за излегување од својата лента, систем за препознавање на сообраќајните знаци, паркинг асистент...

Во почеток во гамата на мотори ќе има два ТФСИ турбо бензински мотори и три ТДИ турбо дизелски агрегати, со распон на сила од 190 КС до 286 КС, додека спортскиот С5 купе ќе има 3,0 литарски В6 со 354 КС. Овој С5 купе до 100 км/ч ќе забрзува за 4,7 секунди, а според фабричките податоци ќе има просечна потрошувачка од 7,3 литри на 100 км. Во зависност од моторите ќе се вградуваат три менувачи, па верзијата со четири цилиндри и 3,0 ТДИ со 218 КС ќе има шестстепен мануелен или седум степен С-троник со двојно квачило, додека дизелашите со 286 КЛС и С5 ќе имаат осумстепен Типтроник

Најново во Автомобили